Како „западните“ медиуми ја видоа руската воена парада по повод Денот на Победата

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Западните новинари со големо внимание ја проследија Парадата на Победата што во четвртокот се одржа во Москва. Посебен впечаток им оставија ракетните ПВО-системи С-400 и, се разбира, интерконтиненталниот балистички систем „Јарс“.

„На воената парада посветена на 74-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, учество зедоа 13000 војници и околу 130 единици воена техника. На чело на колоната со воената техника се појави познатиот тенк од времето на Втората светска војна Т-34-85, додека на крајот на ешалонот помина моќниот ракетен комплекс опремен со интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“, ги пренесува своите импресии ABC News.

Во материјалот се нагласува дека на воената парада е претставена најсовремената воена техника која се наоѓа во вооружувањето на руската армија. Конкретно, се работи за тенковите од нова генерација Т-14 „Армата“ и ракетните противвоздушни системи со голем дострел С-400 „Триумф“, пренесува интернет-порталот РГ.

Од друга страна, Daily Mail обрнува внимание на новиот кабриолет Aurus. Новинарите на овој медиум нагласуваат дека автомобилот цело време бил во „параден режим“ кој го карактеризира бавна и изедначена брзина не поголема од 20 км/час. Тие напомнуваат дека за овој тип возила е заинтересирана Војската на Саудиска Арабија.

Прочитајте повеќе за Парадата на Победата во Москва 2019: Како изгледаше?