Руски војници на тешко болно дете му ја исполнија желбата да се повози со тенк

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Виталиј В. Кузмин

Тешко болното момче Максим Журављов, кое боледува од ’рбетна мускулна атрофија, војниците го повозија со борбен тенк Т-72Б3 и во оклопно возило „Тигар” за време на генералната проба за Парадата на Победата во Екатеринбург.

Сонот на момчето му го исполни командантот на силите на Централниот воен округ (ЦВО) генерал-половник Александар Лапин, пренесува ТАСС.

Со ваква молба до Лапин се обратија родителите на Максим на личниот прием кај генералот. Тој вети дека ќе му ја исполни желбата на момчето, врачувајќи им на неговите родители покана за Парадата на Победата. Се наведува дека момчето се возело во борбените возила во придружба на лекар и родителите.

„Тоа е среќа, ако можеме да им пружиме нешто светло, потребно и добро. Душата ни се радува кога ќе помислиме на тоа како понатаму можеме да ја развиваме работата со деца. Дотолку повеќе што денес во состав на Министерството за одбрана постојат воено-политички органи и што се враќаме на прашањата на идеолошкото воспитување. Во патриотското движење ќе вклучиме што повеќе младина, ветувам дека ќе намениме еден автобус за тоа сите деца кои се на лекување да ги одвеземе на Свердловскиот полигон кај Екатеринбург”, рече Лапин.

Според генералот, кога ќе одат на полигонот, децата ќе ги придружуваат медицински персонал и офицери.

Во декември минатата година претседателот на Русија Владимир Путин се сретна со тешко болното десетгодишно момче Коља Кузнецов, кој имаше желба да се ракува со шефот на руската држава.

Претходно Путин ѝ ја исполни желбата на 12-годишното девојче од Омск Настја Паригина, подарувајќи ѝ лизгалки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња