Руското Министерство за одбрана со мултимедијален проект за парадите во чест на Денот на Победата

Министерство за одбрана на РФ

На интернет-порталот на Министерството за одбрана на Русија е поставен уникатен мултимедијален проект за парадите кои ќе се одржат во градовите во Русија по повод одбележувањето на 74-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна, соопшти прес-службата на рускиот одбранбен ресор.

Во интерактивниот сегмент се претставени информации за редоследот на одржувањето на пешадиските и моторизираните колони на Црвениот плоштад, за редоследот на летовите на авијацијата, за составот и бројноста на војската и воената техника на воените паради кои на 9 мај ќе се одржат во 29 градови во Русија. 

Освен тоа, на интерактивната карта се прикажани информации за местото и времето на свечените артилериски стрелби кои ќе бидат одржани ширум земјата.

Корисниците на интернетот исто така ќе можат да дознаат повеќе нешта за одржувањето на пробите за московската парада во подмосковки Алабино.

Покрај тоа, на сајтот се објавени и историски фотографии од парадата на Црвениот плоштад од 1945 година.

Погледнете ја репетицијата на големата воена парада што за месец дена ќе се одржи во Москва (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња