Ка-52 "Алигатор"
Виталиј Тимкив/SputnikВо согласност со достапните материјали, крајниот резултат на овој проект би требало да биде брз патнички хеликоптер, чија маса ќе изнесува 6500 кг, носивоста 1000 кг, брзината на крстосување 357 км/ч, максималната брзина 420 км/ч, статичкиот плафон на летање 4700 м, динамичниот плафон на летање 5600 и максималниот долет од 1230 километри, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Синхрокоптерот претставува летало кај кое два ротора се поставени на многу кратко растојание еден од друг. Овие ротори ротираат во спротивната насока, при што нивните елиси меѓусебно се преклопуваат (лопатките минуваат низ заедничкото поле на ротација). Со цел да се спречи контакт помеѓу лопатките, нивната ротација е механички синхронизирана. За зголемување на максималната брзина на овој хеликоптер на неговиот дел на опашката е интегриран пропелер чија ротација генерира дополнителен притисок. За разлика од главните ротори, брзината на ротација на лопатките кај овој пропелер е малку помала и изнесува околу 180 м/сек.
Симулациите ги покажаа сите предности на таквата шема. Степенот на корисно дејство кај синхрокоптерот е за 4% повисок во споредба со еднократните или коаксијалните шеми, каде не доаѓа до прекин на воздушното струење на лопатките, што е карактеристика кога хеликоптерот се движи со голема брзина. Токму поради овој ефект, хеликоптерите од класичната шема не можат да ја надминат границата на постојната максимална брзина.
Во февруари 2018 година Министерството за одбрана на Русија ги објави плановите за конструирање на хеликоптер со голема брзина, чија просечна брзина на крстарење ќе биде во опсег од 350-400 км/ч. Во ноември истата година проектот беше прифатен од Министерството за одбрана на Русија. Наскоро треба да очекуваме и видеодемонстрација на новиот концепт на борбени хеликоптери, кои ќе се одликуваат со голема брзина на летање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче