Министерството за трговија и индустрија ги објави првите официјални фотографии од теренското возило „Аурус Командант“, а зад воланот седна лично министерот Денис Мантуров.
Тоа ќе биде петтото возило од семејството „Аурус“. За жал, освен изгледот, за „Командант“ не се знае многу, освен дека е наречен во чест на една од кулите на московскиот Кремљ (Командантска кула – рус. Комендантская башня) и дека го движи мотор од осум цилиндри, 4,4 литри и 600 коњски сили.
Федералното претпријатие НАМИ работеше на проектот за развој на „Единствена модуларна платформа“ од крајот на 2012 година. Резултатот е низа автомобили базирани на таа платформи. Целото семејство вклучува седан, лимузина (обична и блиндирана), минибус, теренско возило и мотоцикл.