„На блискоисточните клиенти им го покажавме автомобилот во Абу Даби кон крајот на февруари. Го покажавме и на европските клиенти во Женева. И тоа, се разбира, не е крајот на нашиот пат. Планираме излез на азиските пазари. Ќе почнеме, исто така, од саем на автомобили, вистина, сѐ уште не сме решиле од кој. Ќе биде тоа или Пекинг или Шангај“, рече генералниот директор на ООО „Аурус“ Герхард Хилгерт.
Претходно на саемот на автомобили во Женева Европа првпат ги виде лимузината Aurus Senat L700 и седанот Aurus Senat S600.
Продажбата на автомобили во странство нема да почне пред 2021 година, вели Хилгерт. „Засега бараме странски дилери, имаме уште време. Фабриката во Татарстан ќе почне да работи со полна пареа 2021 година. Тогаш ќе се појават и залихи и можност да продаваме автомобили во странство.
Засега „Аурус“ се произведува во Москва. Масовното производство ќе биде организирано во фабриката на Sollers во Алабуга (Татарстан) каде, според постојните планови, годишно ќе се произведуваат до 5 илјади автомобили.
Aurus, што е пазарен назив на проектот „Кортеж”, е семејство автомобили од делукс класа кое го сочинуваат лимузина, седан, минивен и теренско возило. Проектот го реализира државниот институт НАМИ во соработка со групата Sollers и странски партнери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче