На стрелиште тестирани руските автомати ППШ и ППС од Втората светска војна (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Двата култни автомати – ППШ (автомат „Шпагин“) и ППС (автомат „Судаев“) – беа тестирани од искусни стрелци кои никогаш претходно не држеле в раце оружје од Големата Татковинска војна.

Овој експеримент по повод претстојниот Ден на Победата го организираше телевизијата „Ѕвезда“.

Бившиот припадник на специјалните единици Сергеј го доби ППШ, а на Александар Кобзев, кој тренира гаѓање, му се допадна ППС.

Обајцата должеле во војска автоматска пушка „Калашников“ АК-74М.

Навикнати сме да ги гледаме ППШ и ППС во рацете на луѓе кои се занимаваат со историска реконструкција на битките во Големата Татковинска војна, а овде стрелците отвораа оган од нив, симулирајќи услови на современо војување.

Сергеј е задоволен од тестирањето. Тој истакна дека ППШ во барабанот има 71 куршум, што е добро, затоа што борецот во првите 40 секунди истрелува отприлика толкав број куршуми.

„Мене ова оружје многу ми се допадна. Стабилно е во текот на стрелбата, избалансирано е и едноставно. Лесно е да се навикнеш на него“, објаснува тој. „Овој автомат е тежок, точно е дека не е лесно да се замени барабанот, но мене ми остави пријатен впечаток“.

Ни Александар Кобзев немаше поголеми проблеми со автоматот ППС. Дури и магацинот му се полни на вообичаениот начин.

„Денеска се чувствував како јуришник од Големата Татковинска војна. Токму за такви воини е и правен ППС во Ленинград за време на опсадата. Автоматот е мошне лесен. Имаше многу забелешки за кундакот, но мене ми се чини згоден. Пријатно е чувството кога се отвора оган од овој автомат. Речиси и да не се чувствуваат трзаите“.

Прочитајте повеќе: Како автоматот Шпагин го заслужи своето место на спомениците на црвеноармејските ослободители