Според индиски извори, Министерството за одбрана на оваа држава бара од рускиот партнер степенот на локализација (процентот на склопување на готов тенк во Индија) да се подигне од 40% на 80%. Ова го објави интернет-порталот „Военное обозрение“ повикувајќи се на извори од порталот „Дифенс Њуз“.
Еден од условите за купување на овие тенкови е трансфер на комплексната технологија која е неопходна за производство на вакви сложени борбени системи. Според неименуван извор од индиската армија, без подобрување на договорот кој во себе би содржел ставка за трансфер на технологијата, целата зделка за Индија би била прескапа, затоа што не би ги покрила трошоците за техничка поддршка и понатамошните продолжувања на животниот век на овие тенкови, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Во текстот понатаму се наведува дека тенковите би биле произведувани во индискиот државен завод за тешки транспортни средства, по лиценца на рускиот концерн „Уралвагонзавод“. Високопозициониран чиновник во индиското Министерство за одбрана изјави дека главното тенковско орудие (основниот топ) со сите свои придружни склопови се произведува и склопува во Русија, а неколку детали се произведуваат во индиски претпријатија. Исто така, Индија не може самостојно да го произведува тенковскиот мотор и трансмисијата (ова се увезува од Русија), што сочинува 40% од вкупната цена на тенкот. Се претпоставува дека Индија добила од Русија 657 тенкови Т-90, кои делумно се склопени во Индија, а делумно во Русија.
Неодамна се појави податок дека Индија има намера да набави од Русија дополнителна количина од 464 длабоко модернизирани тенкови Т-90МС. Вкупната сума на овој договор би изнесувала 1,93 милијарди американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче