Повеќенаменски хеликоптер Ка-226
YouTube„На нашите партнери од Индија им ја испративме финалната верзија на овој договор со сите детали и до1 август ќе одговориме на таа понуда“, изјави Богински.
Имено, индиските власти уште минатата година го одобрија предлогот за спроведување на тендер за купување на флота повеќенаменски хеликоптери за потребите на нивната Воена морнарица. Основното барање при набавката на хеликоптерите е тие да бидат колку што е можно поуниверзални, што значи, да можат подеднакво да се употребуваат во мисии за пребарување и спасување, хуманитарни мисии, операции за извидување и противтерористичка борба, но и како летечки пунктови кои се во функција на наведување на бродските оружени системи.
Со планот е предвидено дел од овие летала да се произведат во руските хеликоптерски заводи, а дел во производствените капацитети кои се наоѓаат на територијата на Индија. Обемот на оваа зделка може да достигне бројка од 400 вакви хеликоптери.
Ка-226 е руски повеќенаменски хеликоптер развиен од познатото конструкторско биро ОКБ „Камов“. Претставува длабоко модернизирана верзија на својот претходник Ка-26. Неговиот прв лет е извршен 1997 година, а од 2002 година се наоѓа во оперативна употреба во руската војска и полицијата, како и во многу специјализирани но и цивилни транспортни структури. Досега се направени 69 примероци, а неговата извозна цена е проценета на 4,2 милиони американски долари.
Верзијата на хеликоптерот со ознака „Т“ се разликува од основната по тоа што во неа се интегрирани мотори Arrius 2G1 на француската компанија Turbomeca, како и нови главен редуктор и трансмисија. Ваквата конфигурација му овозможува на овој хеликоптер уште подобри перформанси. Оваа верзија на хеликоптерот има подобра електронска опрема со нови индикатори, систем за автоматско управување, систем за навигација и метеолокатор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче