Русија ѝ испорача на Индија десетици илјади автоматски пушки АК-203

Слободан Ѓукиќ
Според информациите кои ги пренесе интернет-порталот „Интерфакс“, Република Индија добила од Русија контингент од 50 илјади автоматски пушки АК-203. Во план е производство на околу 750 илјади од овие пушки на територијата на Индија.

Според зборовите на овој извор во целост е реализирана испорака на поголем количина модерно стрелечко оружје (околу 50 илјади парчиња) која од Русија пристигнала во Индија, пренесува интернет-порталот НТВ. Неодамна во медиумите се појави информација дека испораката на автоматските пушки ќе се реализира по потпишувањето на договорот меѓу Русија и Индија кој прецизира производство на оружје од марката „Калашников“ на територијата на Индија.

Фабриката која ќе ги склопува автоматските пушки со модерна конфигурација АК-203 се наоѓа во индискиот град Корва. Планирано е во погоните на оваа фабрика да се произведат околу 750 илјади примероци АК-203.

По отворањето на оваа фабрика претседателот на РФ му испрати честитка на раководството на Индија. Во честитката се напоменува дека воено-техничката соработка меѓу Русија и Индија трае 70 години. Во тие години Русија извезла во оваа земја голем број сигурни и квалитетни системи на руската воена индустрија. Рускиот претседател исто така напомена дека со помош на Русија на територијата на Индија се направени повеќе од 170 воени и други индустриски објекти.

„Новото заедничко претпријатие во целиот свет ќе извезува автоматски пушки на брендот „Калашников“, поточно моделите од тнр. серија „200“, каде со текот на времето ќе се премине на целосна локализација на производството“, рече рускиот претседател.

Првиот човек на руската држава уште додаде и дека оваа работа ќе ѝ обезбеди на Индија самостојно да ги опремува своите безбедносни сили со стрелечко оружје направено врз база на руска технологија.

АК-203 претставува понатамошна еволуција на автоматската пушка АК-103. Оваа пушка користи куршум со калибар 7.62х39 мм. Во однос на основниот модел видливи се подобрувањата на корпусот на пушката, кои ќе обезбедат уште поголема ергономија на оружјето. Новите решенија ќе му овозможат на стрелецот далеку поширок избор на дополнителна тактичка опрема која може да се стави на пушката. Тука се наоѓаат и прилагодливиот телескопски кундак, проѕирната рамка, анатомски обликуваниот ракофат, подобрениот компензатор итн...

Потврден договорот: Индија наредната година почнува сериско производство на пушките АК-103

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња