Првпат без камуфлажа: Еве како изгледа парадниот кабриолет „Аурус“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Парадниот кабриолет од семејството нови руски автомобили од премиум класата „Аурус“, создадени во рамките на проектот „Кортеж“, првпат беше прикажан без маска.

Видеоснимката е направена на пробата за Парадата на Победата во подмосковскиот град Алабино, објави телевизиската станица „Ѕвезда“. На пробата учествуваа и пешадиски единици, механизирана колона и авијација.

Како што претходно беше пишувано, кабриолетите излегоа од производство во пресрет на Парадата за да учествуваат на манифестацијата која на деветти мај во чест на победата над фашизмот во Втората светска војна традиционално се одржува на Црвениот плоштад во Москва.

Кабриолетот е направен во стил на седанот Aurus Senat S600, а ќе се користи на официјални манифестации. Можно е дека ќе се најде и во слободна продажба. Автомобилот е опремен со мек покрив на склопување и прилагодлив ракофат за возење во стоечки став. За разлика од седанот, парадниот „Аурус“ има две врати. Новите автомобили ќе ги заменат старите советски кабриолети ЗИЛ кои со децении се користеа на свеченостите по повод Денот на Победата.

Автомобилите од семејството „Аурус“ се сметаат за конкуренти на „Бентли“ и „Ролс-Ројс“. На приватните купувачи од Русија првите возила ќе им бидат испорачани во третиот или четвртиот квартал од оваа година.

На социјалните мрежи неодамна се појави видеоснимка од парадниот кабриолет „Аурус“ кој ќе учествува на Парадата на Победата, но со маскирна церада.