Парадните кабриолети „Аурус“ снимени на влезот на Црвениот плоштад (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видеоснимка со парадните кабриолети на новата руска марка автомобили „Аурус“, настаната во склоп на познатиот проект „Кортеж“, кои, како што се очекува, ќе учествуваат во големата воена парада по повод Денот на Победата на Црвениот плоштад во Москва.

Две возила прекриени со заштитна церада штотуку беа снимени на влезот на Црвениот плоштад, а зад воланот се наоѓаа воени лица.

Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави вчера во Советот на Федерацијата дека пристигнале повеќе од 500 нарачки за автомобилите „Аурус“. Како што истакна тој, на Црвениот плоштад ќе може да се видат седанот „Аурус“ С600 или лимузината Л700.

„Аурус“ е инаку комерцијалниот назив на возилата настанати во проектот за руски луксузни автомобили „Кортеж“ со чиј развој се започна во 2013 година. Едно од овие возила се користи за превоз на шефот на руската држава Владимир Путин, а во лимузината „Сенат“ претседателот првпат се појави на инаугурацијата во мај минатата година. Тогаш првпат јавно беше видено возилото од проектот за кој со години бруеше рускиот и странски печат. Возилата од марката „Аурус“ се сметаат за конкуренција на „Ролс-Ројс“ и „Бентли“. Се очекува да се појават во слободна продажба уште годинава, а ќе чинат околу десет милиони рубли (околу 130 илјади евра). На приватните купувачи од Русија возилата ќе им бидат испорачани во третиот или четвртиот квартал од оваа година.

Европската премиера на седанот и лимузината „Аурус“, првата руска марка автомобили од премиум класата која почнувајќи од „нула“ ја создадоа стручњаците на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомото институт (НАМИ), со користење на странски разработки и компоненти, се одржа на Саемот на автомобили во Женева. Засега се произведуваат по примерок, а почетокот на сериското производство во фабриката „Солерс“ во Татарстан е најавен за 2021 година.

Прочитајте повеќе: Европскиот пазар затворен за Путиновиот „Кортеж”?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња