Во Русија конструираат авион кој ќе може да полета од писта голема колку фудбалски шеснаесетник

Су-34 и фудбалски терен

Су-34 и фудбалски терен

Интернет-портал „Бог-рата“
Во Русиja конструираат авион кој ќе се одликува со ултракратко полетување и слетување, соопшти Фондот за перспективни истражувања (рус. ФПИ). Постојат големи планови со Министерството за одбрана на РФ и МВС. Првиот пробен лет е планиран за 2022 година.

Компанијата „Промсевис“ се занимава со развој на авион кој ќе може да полетува и слетува на многу изискувачки и површински ограничен терен. Имено, се смета дека новата технологија ќе овозможи полетување и слетување на писти со должина од само 15 метри. Неодамна беше завршен комплетниот технички проект, соопштува рускиот интернет-портал ТАСС, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

„Во моментов почнуваме со втората етапа на развојната работа над наведеното летало што опфаќа конструирање на неговиот демонстратор“, изјави од Фондот за перспективни истражувања.

Авионот со ултракратко полетување и слетување ќе има хибриден погон. Ова е само еден од вкупно деветте проекти кои во 2018 година ги реализираше оваа многу агилна научно-истражувачка установа.

Леталото може да лета во целосно автоматски режим на работа. Неговиот ефективен долет ќе изнесува околу 1000 километри, а брзината на крстосувањето ќе достигнува околу 250 км/час. Ќе биде способно да понесе до 500 килограми товар.

Првиот пробен лет на ова летало е планиран за 2022 година. Процените се дека леталата од овој тип ќе имаат голема перспектива кога се во прашање набавните зделки од страна на руското Министерство за одбрана и Министерството за вонредни состојби.

Прочитајте повеќе: Како ловци Су-27СМ во услови на временска непогода полетаа на важна задача (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња