„Бериев“ А-100 ќе лета над Црвениот плоштад покрај 70-ната авиони по повод Денот на Победата на 9 мај. Конечната одлука за учество на „летечкиот радар“ на парадата наскоро ќе биде донесена од раководството на РФ, пренесуваат руските медиуми.
Авионот го доби прекарот „севидното око“ и носи околу 20 тони уникатна шпионска опрема.
А-100 е направен врз база на современиот воено-транспортен авион Ил-76МД-90А кој сериски се произведува во Улјановск. Радарската станица која е применета на авионот за воздушно набљудување и наведување А-100 се состои од антена со активна фазна решетка. Целиот систем е во голема мера сличен на американскиот пандан Northrop Grumman E- 2D „Advanced Hawkeye“ каде и во однос на него А-100 има одредени предности.
Радарско-набљудувачкиот систем „Премиер“ се состои од ротирачка антена со активно електронско скенирање по вертикала и механичко скенирање по азимут. Радарската антена при своето вртење прави полн круг од 360 степени секои пет секунди.
Воздушно-космичките сили на Руската Федерација планираат комплетната своја флота од 15 авиони А-50 и четири А-50У да ја заменат со нови авиони А-100 „Премиер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче