На видеоматеријалот е прикажан принципот на полнење на тенковскиот топ и самото испукување кон целта која беше оддалечена од тенкот околу 3000 метри, пренесува рускиот интернет-портал Лента.Ру.
Неодамна заменик-генералниот директор на „Омскиот завод за производство на транспортна техника“ Алексеј Хорошајло изјави дека модернизираната верзија на тенкот Т-80БВМ доби додатен сет динамична заштита која се карактеризира со значително помала маса од стандардните модели. Овој тип на оклоп е ефикасен против тандем-кумулативни боеви глави какви што поседуваат современите противтенковски ракети.
Во декември минатата година беше соопштено дека овие тенкови ќе имаат способност да дејствуваат со противтенковска муниција која содржи пенетратори од осиромашен ураниум. Овој поткалибарски проектил остварува поразителни ефекти врз тенковскиот оклоп така што со силата на својата кинетичка енергија (брзина и до 1800 м/сек.) и големата густина на пробојниот пенетратор, напросто ја „продупчува“ својата цел.
Т-80БВМ претставува длабока модернизација на тенкот Т-80БВ. Новата машина доби напредни тактичко-технички можности благодарение на капиталните подобрувања како што е интеграцијата на повеќеканалниот нишански уред „Сосна-У“, унапредениот тенковски топ модел 2А46М-4 со калибар 125 мм, модификацијата на гасната турбина (погонот на тенкот) која генерира речиси 1500 коњски сили и комплексот на динамична заштита „Реликт“. Руските оклопни единици почнаа да се опремуваат со овие тенкови 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче