Тенкот Т-80 прилагоден за примена на проектили со ураниум

Михаил Воскресенски/Sputnik
Модернизираниот тенк Т-80БВМ доби можност да применува противоклопни проектили од серијата „Свинец“ („Олово“) со јадро од осиромашен ураниум.

„На тенкот е доработен стабилизаторот на вооружувањето и системот за полнење на цевката така што сега можат да се користат проектилите 3БМ59 „Свинец-1“ и 3БМ60 „Свинец-2“, се наведува во прирачникот „Армијата на Русија – споредби“ објавен од Министерството за одбрана на РФ.

Противоклопниот поткалибарски проектил „Свинец“ со пенетратор не содржи експлозив и кинетички дејствува врз целта. Едноставно кажано, тоа е огромна шајка долга половина метар која се забива во тенковскиот оклоп со енергијата на истрелот. За да може таа „шајка“ побрзо да продре во оклопот, јадрото ѝ е направено од материјал кој има поголема густина од челик со висок квалитет, т.е. од волфрам или ураниум, со тоа што вториот материјал е подобар.

„Свинец“ е најмоќниот руски противоклопен проектил, се третира како „муниција која има зголемена моќ“ и ја пробива сета современа оклопна техника. Проблемот е во тоа што проектилот има поголеми габарити од оние кои се предвидени за системот за автоматско полнење на цевката и затоа беше потребна модернизација на тој систем. Планирано е во тој поглед да се модернизираат тенковите Т-72, Т-80 и Т-90.

„Проектилите од серијата „Свинец“ имаат јадро од легура на волфрам и ураниум. Тоа не се коси со меѓународните договори. Во руската армија таквите проектили се третираат како специјални и се чуваат надвор од обичните складишта“, изјави за агенцијата ТАСС воениот експерт Виктор Мураховски, главен уредник на магазинот „Арсенал Отечества“.

Прочитајте повеќе: Тенк на млазен погон: Модернизација на рускиот тенк Т-80

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња