Руски фотограф сними лет на МВС пред Сонцето (ВИДЕО)

НАСА
Фотографот од Новосибирск Алексеј Полјаков успеа да ја сними Меѓународната вселенска станица (МВС) како прелетува пред Сонцето.

Летот на станицата низ сончевиот диск трае 0,9 секунди. Поради тоа рускиот фотограф направи снимка со 128 кадри во секунда.

На фотографијата објавена на „Инстаграм“ се гледа и една сончева дамка. Полјаков објасни дека дамката на снимката е магнетен завршеток на површината на Сонцето кој исфрла наелектризирани честички во вселената.

„Во тој момент растојанието меѓу мене и МВС изнесуваше 900 километри. Не е ни најмалку лесно да се улови таква „мува“ во толку краток временски отсечок“, напиша фотографот.

Ѕирнете во објективот на руски космонаут и видете како изгледаат големите градови од вселената(ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња