Се појавија првите фотографии од „таинствениот“ руски систем од кој многумина стравуваат

Прес-служба на ЗВО
Единиците за противелектронска борба кои се наоѓаат во реонот на градот Воронеж ги добија првите примероци на новиот систем за електронско попречување „Палантин“.

Досега се работеше за таинствен систем (барем кога е во прашање надворешниот изглед), кај кој се применети најголемите достигнувања кога се работи за противелектронско војување. Го сочинува исклучително моќен комплекс составен од вмрежени електронски уреди, кој во голема мера може да ги компромитира модерните и перспективни комуникациски уреди на непријателот, пото да изведува операции за радио-извидување и командување со други комплекси за противелектронска борба.

„Можностите на овој комплекс се такви што тој може потполно да ги парализира комуникациските уреди кои работат во режим на КБ и УКБ-дијапазони“, нагласува информативната служба Западниот воен округ, пренесува информативната агенција РГ.

Новиот комплекс има и синергетска функција при што повеќе различни системи за противелектронска борба и радио-извидување обединува во единствен збир, што значително го зголемува вкупниот ефект на нивната примена. Сите системи се наоѓаат на мобилни платформи и на фронт се многу мобилни.

Комплексот за противелектронска борба „Палантин“ е високозаситен и автоматизиран електронски склоп, кој во себе обединува повеќе средства за противелектронска борба кои во последно време влегоа во вооружувањето на руската армија. Неговите основни функции претставуваат воена тајна, но се претпоставува дека овој систем може да оствари поразителни ефекти врз непријателските средства за комуникација, на оперативните и тактичките правци на развој на напаѓачките борбени дејствија.

„Палантин“ неодамна ја заврши фазата на државни тестирања. Претставува потполно нов систем за противелектронска борба. Првите комплетирани модели на овој систем им се испорачани на специјалните противелектронски состави на Западниот воен округ. Операторите на новите системи ја поминаа обуката во Тамбовскиот центар за противелектронска борба, а потоа беа испратени во матичните единици каде почнаа да работат на усвојување на новата техника.

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња