„Системот за противелектронска борба (ПЕБ) „Тирада-2С“ е способен да го деформира електромагнетното поле преку кое комуницираат непријателските сателити и на тој начин во целост да ги исфрли од строј. Значи, непријателските сателити можат да станат неупотребливи со дејство од земја“, соопшти информативната служба на Централниот воен округ, пренесува интернет порталот „Интерфакс“.
Оттаму прецизираат дека покрај „Тирада“ во вооружувањето влегува уште и современиот комплекс за противелектронска борба „Палантин“ кој исто така наредната година влегува во вооружувањето на специјализираните единици на руската армија.
„Превооружувањето на воените состави за противелектронска борба со нови средства во голема мера ќе ги зголеми вкупните борбени способности на овој род на руската армија за изведување обемни високософистицирани операции во електромагнетниот спектар“, се наведува во соопштението.
Мобилниот противсателитски комплекс „Тирада-2С“ е наменет за опструкција на врската меѓу непријателските објекти кои се наоѓаат во земјината орбита. Претставува противелектронско орудие кое генерира пречки во електромагнетниот спектар кој служи за пренос на податоци. Елементите на системот „Тирада-2С“ се наоѓаат на камионски платформи на тркала. Иако релативно малку се знае за него, познато е дека руските конструктори почнале да работат врз него уште од 2001 година.
Комплексот за противелектронска борба „Палантин“ е еден високозаситен и автоматизиран електронски склоп кој во себе обединува повеќе средства за противелектронска борба кои во последно време влегоа во вооружувањето на руската армија. Неговите основни функции претставуваат воена тајна, но се претпоставува дека овој систем може да има поразителни ефекти врз непријателските средства за комуникација, на оперативните и тактички правци на одвивање на борбените дејствија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче