Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

„Красуха-2“

„Красуха-2“

Руските технолози и конструктори од областа на радиоелектронската борба се едни од најнапредните во светот и во исто време најтаинствени. Ги избравме 5 најефикасни руски средства средства за радиоелектронска одбрана.

Страв за торпедните разурнувачи: „Хибини“

Овој релативно мал контејнер во облик на торпедо се става на краевите на крилата на авионот и го прави неповредлив за сите современи средства за противракетна одбрана и непријателските ловци. Откако екипажот на авионот ќе дознае  за ракетниот напад, „Хибини“ почнува да дејствува и го „покрива“ ловецот со „заштитна радиоелектронска капа“, поради што ракетите не доаѓаат до целта и одат настрана. „Хибини“ го зголемуваат животот на авионот за 25-30 пати. Според заменик-директорот на концернот КРЕТ Владимир Михеев, сите загубени руски ловци во Грузија биле „голи“, без монтирани средства за радиоелектронска борба. Токму тоа доведе до големи загуби на руската борбена техника.

 

Патем, „Хибини“ денес се поставуваат на Су-30, Су-34 и Су-35, така што познатиот априлски „напад“ врз американскиот торпеден разурнувач „Доналд Кук“ од страна на бомбардери Су-24, со наводна примена на системот „Хибини“ во водите на Црното Море , не е ништо друго освен новинарска фантазија. Летот над торпедниот разурнувач навистина се случи. Овој систем за радиоелектронска  борба може целосно да го неутрализира радарот на противникот. Сепак, „Хибини“ не се става на Су-24.

Пасивен извидувач: „Москва-1“ 

Современиот радиолокациски комплекс што наскоро ќе го добие руската војска, може да ги „види“ и да ги следи воздушни објекти на оддалеченост од 400 км (поранешниот уред РЛС „Автобаза“ можеше да ги следи објектите само на максимално растојание од 150 км). „Москва-1“ работи на принципот на пасивно радиолоцирање. Ова значи дека нема да емитува никакви сигнали, туку само ќе ги прима и анализира страните. Значи, за разлика од обичните радарски системи, ќе биде невидлив за противникот. Со скенирање на воздушниот простор, „Москва-1“ дури ќе го одреди типот на објектот и може да го класифицира без грешка: тоа е ракета или авион. Оваа важна информација станицата брзо ќе ја пренесе до командниот пункт, каде што операторот ќе донесе одлука дали да го уништи објектот или не. Покрај тоа, „Москва-1“ може да ги наведува системите за противракетна одбрана кон целите. Во тој случај, вториве нема да ги исклучат своите радиолокациски системи, останувајќи целосно незабележливи за непријателскиот оган.

 

Заштитникот на системите „Искандер“: „Красуха-2“

Тоа е комплекс за радиоелектронска одбрана - страв за авионите ДРЛОУ (далечно радиолокациско откривање и управување), како што с, на пример, AWACS. Главната задача на „Красуха“ е да ги чува и да ги покрива средствата за противвоздушна одбрана, важните копнени објекти и да ја обезбедува сигурноста на воените групации во марш. Оперативно-тактичкиот систем „Искандер“ и другите такви системи во марш се целосно незаштитени. „Красуха“ им дава можност да стигнат до стандардната точка без проблем и да ги прошират позициите за борбено дејство. Ако „Красуха“ забележи непријателски ДРЛОУ, таа дејствува врз него со радиолокациско попречување на емитувањето во радиус од 250 км. Со таквото радиоелектронско „поништување“ е невозможно да се нишани со високопрецизно оружје. Друга карактеристика на „Красуха“ е делувањето врз „мозокот“ на веќе лансирана ракета и промена на летната задача. Поради ова влијание на „Красуха“ ракетата почнува  да „гледа“ лажна цел и да дејствува врз неа.

Чадор против „Град“: „Ртут-БМ“

Овој систем за радиоелектронска борба е еден од најсовремените. „Ртут“ би требало да ги штити војниците и техниката од артилериски оган, доколку артилериската муниција е опремена со бесконтактен детонатор.

Со цел да се создаде огромна загуба во војници и оружје, бомбата со бесконтактен детонатор мора да експлодира на висина од 3-5 метри. „Ртут“ дејствува на бесконтакнтите детонатори на бомбите и тие експлодираат на безбедна висина. Војниците во тој случај остануваат неповредени.


Системот „Ртут-БМ“ не дејствува само врз бесконтактни детонатори. Доколку е потребно, може да се користи за „поништување“ на фреквенциите на кои противникот воспоставува радио врска.

Таквиот комплекс (сличен на оклопен транспортер со телевизиска антена) може да заштити територија од 500 хектари.

Според конструкторите, „Ртут-БМ“ има голем извозен потенцијал и може да се испорачува на традиционалните пазари во Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.

Да се скрши „Игла“: „Президент-С“ 

„Президент-С“ е систем за оптичкоелектронско поништување, кој од може да го одбрани од погодок секое летало кое е нападнато ракети лансирани од преносен противвоздушен ракетен систем. Таквите противвоздушни системи имаат „мозок“ кој самиот наведува на цел („мозокот“ реагира на топлината што ја емитуваат моторите на авионот или хеликоптерот). Гаѓањето се вршеше на растојание од 1000 метри и ниту еден проектил не ја погоди целта - сите отидоа на страна од хеликоптерот и на крајот се самоуништија: системот за нишанење на ракетите едноставно промашуваше поради електронските пречки што ги направи комплексот.

Прочитајте  Што можат руските средства за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња