Руски експерти го анализираа таинствениот систем „Самарканд“: Што распореди армијата во Калининград?

Слободан Ѓукиќ
Новите руски системи за противелектронска борба го претставуваат самиот врв на руската техничка мисла кога се во прашање специјални облици за борба против непријателот кој е заситен со најсофистицирано вооружување и воена техника.

Воениот експерт и уредник на магазинот „Арсенал Отечества“ Алексеј Леонков изнесе податоци за тоа на кој принцип работат новите системи за противелектронска борба „Самарканд“ кои пред два дена беа распоредени во Калининградската област.

Според него, системот за противелектронска борба „Самарканд“ е наменет за ефикасно неутрализирање на непријателскиот систем за врска, при што го задушува и го прави неупотреблив. Исто така, на удар на овој систем можат да се најдат и непријателските радарски системи, авионите за извидување и воените сателити. Системот за  противелектронска борба „Самарканд“ генерира пречки од такви размери што непријателската радарска техника воопшто не може да ја идентификува локацијата на целта што се набљудува. Системот во полето на GPS-навигацијта создава „хаос“ при што не можат да се добијат податоци за географските координати.

Рускиот воен аналитичар Владислав Шургин исто така смета дека „Самарканд“ е систем кој врши опструкција на непријателските електронски средства. „Ова практично значи дека со распоредувањето на овој комплекс на непријателот ќе му биде оневозможено да го користи системот за врска, да ги употребува сите системи кои се засноваат на електроника, да користи нишани, системот за наведување. Практично, Самарканд“ ќе го направи непријателот слеп и глув“, изјави Шургин при гостувањето на радиото „Говори Москва“.

Неодамна Министерството за одбрана на РФ објави информација дека руската армија поставила нови системи за противелектронска борба „Самарканд“ во Калининградската област, како и на други стратешки важни одбранбени правци. Според тие наводи вкупно се поставени 13 единици на овој систем на различни стратешки одбранбени правци. Така три единици од овие системи се распоредени на подрачјео на Северозападниот федерален округ, поточно во Калининградската, Архангелската и Мурманската област. Останатите девет единици на новиот систем за противелектронска борба „Самарканд“ се распоредени во околината на Москва, Нижни Новгород, Краснодарскиот и Приморскиот крај, вклучувајќи ја и Еврејската автономна област на Далечниот Исток, но и на територијата на Белорусија.

Прочитајте повеќе: Русија го достави во Калининградската област најновиот систем за противелектронска борба „Самарканд“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња