Заборавена технологија: јуришниот Ил-102 од осумдесеттите кој никогаш не помириса барут (Видео)

Наука и технологија
ЈАКОБ ОРЕХОВ
„Илјушин“ Ил-102 беше ловец-бомбардер кој го изведе својот прв пробен лет на 25 септември 1982. Иако изгледаше импозантно, војската на крај го одбра „Сухој“ Су-25, кој и влезе во производство.

Овој „штурмовик“ го движеа два мотора „Климов“ РД-33И, а една од неговите најинтересни особини беше митралезот за самоодбрана на опашката (како кај „Илјушин“ Ил-2), нешто што на авионите не беше видено од Втората светска војна.

Авионот никогаш не влезе во производство, иако од првиот во 1982 до последниот лет во 1987 година немаше ниту еден дефект, а според карактеристиките беше во некоја мера дури и подобар од Су-25. Главната одлика на Ил-102 беше кабината за вториот член на екипажот кој седеше свртен со грб кон пилотот. Токму таа кабина според мислењето на некои одигра главна улога во затворањето на проектот.

Ил-102 е изложен во Летечко-истражувачкиот институт „Громов” во градот Жуковски во Московската област. 

Прочитајте повеќе: Заборавена технологија: проектот 1.44 или неостварениот „супер МиГ“ (Видео)