Куќиштето на моделот „Заштитникот Александар Невски” е излиено од чисто злато и украсено со портрет на рускиот кнез. Освен тоа, на заднината на телефонот се наоѓа површина од црн композитен оникс, на која се изгравирани датумот на Невската битка (1242 година) и стихови од Новгородскиот прв летопис.
Цената на Цар-телефонот „Заштитникот Александар Невски” изнесува 242 илјади рубли (околу 3300 евра). Се наведува дека телефонот е наменет за припадниците на руската војска и намерно нема да биде опремен со камера.
Имено, на 19 февруари руската Дума усвои закон со кој на припадниците на војската ќе им биде забрането да објавуваат на интернет и да им пренесуваат на медиумите податоци за себе и своите колеги (вклучувајќи ги и бившите колеги). Освен тоа, ќе мораат во текот на службата да се одречат од паметни телефони и таблети. Притоа им е дозволено да користат обични мобилни телефони со копчиња.
Компанијата Caviar првпат го претстави телефонот без камера и блиц во февруари. Уредот го доби името „Заштитник“ и е наменет специјално за припадниците на војската.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче