Путин пристигна на отворање на фабрика на „Мерцедес-Бенц“ во руски „Аурус“ (ВИДЕО)

Reuters

На свечената церемонија на отворање на фабриката за патнички автомобили на „Мерцедес“ во Подмосковјето претседателот на РФ Владимир Путин пристигна во лимузина Aurus, автомобил од руско производство кој настана во рамките на надалеку познатиот проект „Кортеж“. Инаку, пред да се префрли на новото домашно возило од премиум класата во мај минатата година, Путин се возеше во „Мерцедес“, пишуваат руските медиуми.

Во погоните на фабриката на „Мерцедес“’ во Подмосковје оваа година ќе се произведуваат седани од Е-класата, а потоа ќе се почне со склопување на теренски возила GLE, GLS и GLC. Обемот на инвестиции во ова претпријатие се проценува на 16 милијарди рубли (над 250 милиони евра).

Проектираниот капацитет на фабриката изнесува 25 илјади автомобили годишно, а во полн капацитет ќе вработува повеќе од илјада луѓе. Веќе при крајот на март во фабриката работеа повеќе од 500 луѓе, главно од околните населби.

Како што претходно беше пишувано, рускиот претседател ги посети погоните во кои се работи според принципот на целосно флексибилна монтажа со користење на платформата „индустрија 4.0“. Благодарение на таквиот начин на работа може да се произведуваат неколку автомобилски платформи истовремено.

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ започна со изградба на својата прва фабрика за производство на патнички автомобили „Мерцедес“ во Русија во јуни 2017 година. Изградбата започна во согласност со посебниот договор за инвестиции, потпишан во февруари истата година. Со договорот се обезбедува даночното оптоварување да остане непроменето во текот на целокупното времетраење на договорот, како и примена на клаузулата за „невлошување на условите“, со што се осигурува стабилност на работењето. 

Новиот руски луксузен автомобил од руско производство „Аурус“ настана во склоп на познатиот проект „Кортеж“ првпат јавно претставен на инаугурацијата на Владимир Путин на почетокот на мај минатата година, кога рускиот претседател од работниот кабинетот се довезе во елегантна лимузина на свеченоста во Кремљ. За превоз на првиот човек на Руската Федерација претходно се користеше „Мерцедес“.

Прочитајте повеќе: Путин се потпиша на еден од првите автомобили „Мерцедес-Бенц“ склопени во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња