Во Саудиска Арабија пристигна првиот контингент тешки повеќецевни лансери „Сонцепјок“

Донат Сорокин/TASS
Русија го испорача првиот контингент тешки повеќецевни ракетни лансери ТОС-1А „Сонцепјок“ кој треба да ги пополни артилериско-ракетните единици на саудиската армија. Договорот за набавка на овие системи беше потпишан 2017 година.

„Почнавме со испорака на повеќецевни ракетни лансери ТОС „Сонцепјок“ на Саудиска Арабија. Првиот контингент е веќе испорачан во оваа држава“, соопшти извор од руската воена индустрија, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Во 2017 година стана извесно дека Русија и Саудиска Арабија се договориле околу набавка на импресивен арсенал вооружување кој се состои од ракетни ПВО-системи со голем дострел С-400 „Триумф“, противтенковски ракетни системи „Корнет-ЕМ“, тешки повеќецевни ракетни лансери ТОС-1А „Сонцепјок“, автоматски фрлачи на гранати АГС-30 и автоматски пушки АК-103.

Што се однесува до последната ставка, се планира изградба на погон за производство на стрелечко оружје на територијата на оваа држава.

Тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А е во основа наменет за огнена поддршка на пешадијата и оклопно-механизираните единици, на далечини до 6000 метри. Ефикасен е против непријателска жива сила која се наоѓа на отворен простор или во засолништа, но и против леснооклопна борбена техника и транспортни средства. Подеднакво може да се употребува во различни фази на битката.

Прочитајте повеќе: Што ќе ѝ испорача Русија на Саудиска Арабија освен системи С-400?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња