Практично целокупната техника од руско потекло е прикажана во репортажата посветена на воената вежба на алжирската војска во фаза на напад. Така артилериската подготовка за напад на копнените сили е реализирана со здружено дејство на повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 „Град“, влечни хаубици Д-30 и самоодни хаубици 2С1 „Гвоздика“ и тешкиот повеќецевен пламенофрлачки систем ТОС-1А „Сонцепјок“. Како резултат на истовремено масовно дејство на овие артилериски системи, целокупната одбрана на условниот непријател ја проголта голем огнен пламен.
Артилериско-ракетните средства од непријателските воздушни летала (авиони и хеликоптери) беа обезбедувани од артилериски и ракетни системи за ПВО, кои се состоеја од 4-цевни топови на гасенично возило ЗСУ-21-4 „Шилка“ и преносни ракетни фрлачи кои се лансираат од рамо „Игла“. Сите мети кои имитираа непријателски напаѓачки хеликоптери притоа беа срушени.
За тоа време предниот крај на непријателската одбрана го нападнаа модернизирани борбени возила на пешадијата БМП-2М „Бережок“ кои со автоматски топови 2А42, автоматски фрлач на гранати АГС-17М и ракетниот комплекс „Корнет“ ги неутрализираа сите поважни цели на непријателот, т.е. неговите точки на отпор. По успешната „пацификација“ на непријателската одбрана, во напад тргнаа оклопно-механизираните борбени средства предводени од основните борбени тенкови Т-90СА. Со здружено дејство на сите горенаведени елементи непријателската одбрана немаше никаква шанса за успех и во целост е пробиена.
Според мислењето на руските воени експерти, испораката на тешкиот пламенофрлачки систем ТОС-1А значително ги зголеми борбените способности на алжирската војска. Ударите со ова орудие кое истрелува ракети со калибар 220 мм опремени со термобарички боеви глави во значителна мера предизвикуваат уништување на непријателската одбрана, која подоцна е далеку полесна за совладување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче