Специјалните единици на Саудиска Арабија се „заразија“ со руските автоматски пушки АК-103

Слободан Ѓукиќ
Стрелечкото вооружување од руско производство е сѐ попопуларно во целиот свет. Денес сѐ повеќе можеме да го видиме во земји каде до вчера главно „жареше“ оружје од западно потекло. Така неодамна на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат војници на Саудиска Арабија опремени со АП АК-103 калибар7,62х39 мм.

Како што истакнува воениот експерт Јуриј Љамин, автоматските пушки „Калашников“ се здобија со заслужено признание во армијата но и другите безбедоносни структури на Саудиска Арабија. Тоа се случи без оглед на фактот дека ова кралство е традиционален купувач на вооружување од западно потекло.

„Во моментов таму се наоѓа голема количина германски автоматски пушки Heckler & Koch G36, како и постари модели на G3. Руските модели на автоматските пушки АК-103 Саудиска Арабија ги набави пред неколку години, за опремување на падобранските и стандардните специјални единици“, истакнува Љамин.

Вистина, оваа држава првин ја набави романската варијанта на АК која користи муниција со калибар 7,62х39 мм, и оваа пушка навистина во голема мера е распространета меѓу саудиските сили за безбедност.

„Минатата 2017 година меѓу „Рособоронекспорт“ и саудиската делегација од нејзиниот воено-индустриски комплекс беше потпишан договор за лиценцно производство на автоматската пушка мод. АК-103, но понатамошната реализација на овој проект и понатаму е неизвесна“, нагласува Љамин.

АК-103 е извозна варијанта на автоматските пушки АК-74М со калибар 7,62х39 мм. Нишанскиот мерач на далечина е обележан на 1000 метри, кундак и предниот ракофат се направени од црна пластика отпорна на удари, додека метални делови се заштитени од корозија. Рамките имаат капацитет од 30 куршуми. Брзината на стрелба е 600 куршуми во минута. Почетната брзина на зрното е 715 м/сек. Тежината ѝ е 3,62 кг. Пушката има и место за местење на потцевен фрлач на гранати.

Прочитајте повеќе: Што ќе ѝ испорача Русија на Саудиска Арабија освен системи С-400?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња