Првата серија најнови ловци Су-57 заминува на Крим

Владимир Сергеев/Sputnik
Авијацискиот полк на Јужниот воен округ прв ги добива најновите сериски ловци од петта генерација Су-57.

Во овој момент Министерството за одбрана на РФ разгледува која единица прва ќе ги добие ловците од петта генерација – дали Третиот мешовит воздухопловен полк во Кримск или 38 ловечки воздухопловен полк на аеродромот Белбек кај Севастопол, пишува весникот „Известија“.

Како што изјави бившиот командант на Четвртата армија на Военото воздухопловство и противвоздухопловна одбрана генерал-мајор Валериј Горбенко, Јужниот воен округ не е случајно избран. Се смета, имено, дека овој стратешки правец денес е под најголема тензија.

„Новата техника пред сѐ се праќа таму каде што треба да се покрие опасен правец, а единиците се вооружени со застарени модификации на авиони. На пример, во Краснодарскиот крај на воздухопловната  база во Кримск главен авион-ловец е застарениот Су-27, а ситуацијата во зоната на одговорност на тие авиони е мошне затегната“, нагласи Горбенко.

Засега не се знае што ќе биде со застарените ловци Су-27. Обично таквата техника се праќа во фабрика за авиони на модернизација или се повлекува од експлоатација и се отпишува.

Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација кој се воведува наместо стариот Су-27. Може да развие брзина од 2,6 илјади км/ч, со еден резервоар поминува 4,3 илјади километри, открива летала оддалечени неколку стотици километри и следи 30 цели истовремено.

Прочитајте повеќе: Мистериозен „ослепувач“:Су-57 ќе биде недостижна цел за постојните ракети од класата „воздух-воздух“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња