Руската морнарица со „Москити“ одговори на засиленото присуство на бродовите на НАТО во Црното море

Противбродска ракета „Москит“

Противбродска ракета „Москит“

Иљдус Гиљазудинов/Sputnik
Група големи ракетни чамци од класата 1251 „Молнија“ лансираше неколку суперсонични противбродски ракети П-270 „Москит“ кои на големи далечини ги „пресекоа и потопија“ зададените цели кои симулираа површински бродови на условен непријател. Оваа ракета, освен својата исклучително голема брзина и ниска траекторија на летот, поседува многу силна пробојно-деструктивна боева глава која на морското дно може да испрати бродови кои имаат депласман на атомски крстосувач.

Видеото го објави интернет-порталот ТВ „Ѕвезда“. На кадрите се гледа подготовката на бродска посада за лансирање на ракета, како и моментот на нејзиниот старт.

Неодамна од Министерството за одбрана на РФ соопштија дека во поморските воени маневри учествувале големите ракетни чамци „Ивановец“ и „Р-60“. Ударот врз целта на површината на водата е изведен од далечина од околу 55 км, со употреба на суперсонична противбродска ракета П-270 „Москит“. Според првичните податоци, во текот на вежбата се лансирани повеќе вакви ракети, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Ракетите притоа успешно ги погодиле своите цели. Тие имитирале одред површински воени бродови на условниот непријател.

П-270 „Москит“ е суперсонична противбродска крстосувачка ракета, наменета за уништување површински воени бродови чиј депласман достигнува 20 илјади они. Доколку траекторијата на ракетата е поставена исклучително ниско, нејзиниот ефективен дострел достигнува максимум 120 км. При малку повисок профил на лет оваа ракета може да ја погоди својата цел на далечина од 250 км. Кон целта се наведува комбинирано: инерцијално + пасивна самонаведувана радарска боева глава со тежина од 300 кг.

Површинските пловила „Ивановец“ и „Р-60“ спаѓаат во класата на големи ракетни чамци 1251 „Молнија“, кои се наоѓаат во вооружувањето на советската флота од крајот на 70-те години на минатиот век. Тие освен со ракети „Москит“ се вооружени и со бродско артилериско орудие АК-176 со калибар 76 мм, како и со два ПВО-модула АК-630М со краток дострел опремен со ротациони топови со калибар 30 мм и чија густина на оган достигнува 5000 гранати во минута.

Неодамна НАТО најави крупна поморско-извидувачка операција во Црното море. Првиот човек на оваа алијанса Јенс Столтенберг рече дека државите-членки на НАТО одобриле пакет мерки за зајакнување на присуството на алијансата во басенот на Црното море.

Прочитајте повеќе: Ја контролираат длабочината и височината: Површинските поморски сили на руската Воена морнарица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња