Видео: Суперсоничните нисколетачки ракети П-270 „Москит“ уништија површински брод во Охотското море

Противбродската ракета „Москит“.

Противбродската ракета „Москит“.

Иљдус Гиљазудинов /Sputnik
Во рамките на стратешката воена вежба „Восток-2018“ бродовите на Тихоокеанската флота изведоа боево гаѓање со употреба на противбродски суперсонични ракети со низок профил на лет од класата море-море П-270 „Москит“.

Поморската офанзивна група на Тихоокеанската флота во рамките на воената вежба „Восток-2018“ со помош на противбродска ракета од класата море-море уништи имитација на брод кој се наоѓаше во акваторијата на Охотското море. Метата која имитираше површинско борбено пловило е уништена со суперсонична бродска ракета „Москит“, а по неа дејствуваше разорувачот „Бистри“ и два ракетни чамци од класата „Молња“. Целата операција на уништувањето ја обезбедуваа десетина површински борбени пловила, како и авиони на морнаричката авијација.

„Бродот-мета се наоѓаше во фаза на изведување сложени маневри на растојание од околу 100 километри од нашите бродови кои учествуваа во боевото гаѓање. По него потоа беа испукани три ракети кои ја погодија дадената цел“, се соопштува во официјалното соопштение на Министерството за одбрана, а пренесува новинската агенција РГ.

Противбродската ракета П-270 „Москит“ влезе во вооружувањето на советската воена морнарица уште од 1984 година. Се карактеризира со голема разорна моќ на нејзината боева глава и суперсонична крстосувачка брзина. Притоа таа може да лета мошне ниско, непосредно над површината на водата, така што е и мошне тежок објект за откривање и за соборување.

Силата на нејзината пробојно-разурнувачка боева глава е 300 килограми и може да потопи воен брон со депласман од 20.000 тони, така што претставува огромна опасност за поголемиот дел површински бродови.

Во зависност од траекторијата на нејзиниот лет, максималниот дострел на оваа ракета е од 10 до 250 километри. Непосредно по лансирањето, ракетата се искачува во височина за потоа одеднаш да го продолжи својот лет на височина од околу 20 метри над површината на водата. Кога ќе дојде на 9,000 метри од метата ракетата изведува комплексен маневар за да ја „прелаже“ ПВО на бродот, каде на височина од седум метри лета кон целта во облиг на извиен пат, налик на движењето на змијата. Максималната брзина која притоа оваа ракета може да ја развие е поголема од 2.8 мах. 

Путин на вежбата „Восток-2018“: Ќа ја одбраниме нашата татковина и ќе ги поддржиме нашите сојузници!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња