Пристигнува во 2022 годинa: Тешкиот атомски крстосувач „Адмирал Нахимов“ ќе биде максимално вооружен

Youtube
Покрај интеграција на крстосувачките ракети „Калибар“ и противбродските суперсонични ракети „Оникс“, на овој брод се планира употреба и на перспективната хиперсонична противбродска ракета „Циркон“ со дострел од 1000 километри и од која нема одбрана.

Тешкиот атомски ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“ ќе го добие најмоќното оружје од арсеналот на руската Воена морнарица. Ова го соопшти првиот човек на Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов, пренесува интернет-порталот РГ.

„Доколку сѐ тече по планот, како што засега е случајот, тогаш овој брод ќе го носи најсилното оружје што го поседуваме“, изјави генералниот директор на оваа корпорација.

Одговарајќи на прашањето на новинар од интернет-порталот „Интерфакс“ кое се однесуваше на можностите за опремување на овој брод со хиперсонични противбродски ракети „Циркон“, Рахманов рече дека сето тоа зависи од желбите на нарачателот на работата. „Сѐ може да се одработи. Доколку добиеме такво барање, тогаш така и ќе биде. Доколку не, тогаш нема да биде“, таинствено одговори соговорникот на „Интерфакс“.

Неодамна првиот човек на Министерството за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров зборуваше за новите можности на крстосувачот: „На „Адмирал Нахимов“ ќе монтираме универзални ракетни лансери кои ќе можат да истрелуваат неколку типови нови ракети. Овој брод ќе располага со крстосувачки ракети со голем дострел „Калибар“, суперсонични противбродски ракети „Оникс“ и хиперсонични противбродски ракети „Циркон“, што ќе ѝ овозможи на посадата да ја изврши практично секоја борбена задача што ќе им се постави“.

Тешкиот атомски ракетен крстосувач „Адмирал Нахимов“ во моментов се наоѓа во фаза на сеопфатен ремонт во погоните на „Севмаш“. Комплетното завршување на бродот, со сите модернизации, се очекува до крајот на 2022 година.

Прочитајте повеќе: Руските бродови ќе можат да ги „заслепат“ непријателските ракети

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња