Руските бродови ќе можат да ги „заслепат“ непријателските ракети

Алексеј Малгавко/Sputnik
Системот „Филин“ ги неутрализира најсовремените системи за наведување на далечина до пет километри, со што им помага на бродовите да ги преживеат ракетните напади и безбедно да се вратат во своите пристаништа.

Руската компанија „Роселектроника“ (дел од корпорацијата „Ростех“) на почетокот на март му го прикажа на светот новиот систем за визуелно-оптичка интерференција „Филин“, кој е во можност да го „заслепи“ непријателот и секое современо оружје.

Овој изум е веќе тестиран на фрегатата „Адмирал Горшков“ во Балтичкото Море, каде имаше задача, во дневни и ноќни услови, да ги неутрлизира далекумерите, оптиката за ноќно набљудување и системите за наведување на ракети на далечини од пет километри.

На снимките од опитот јасно се гледа како на бродот се вклучува нешто како џиновски рефлектор. Инженерите го нарекуваат овој мод „ламбичка“ - тоа е силна светлина со „мала“ сила, со која едноставно се блокира видокругот на непријателот. А во следниот режим, кој се нарекува „попречување“, човечкото око не може да издржи, па буквално доаѓа до слепило.

Според производителот, исто така е бескорисна и употребата на современите ласерски далекумери, системите за наведување и уредите за ноќно набљудување против ваквата „бариера“ - непријателот нема да може дури ни да ѕирне во насока на бродот опремен со „Филин“, а камоли да го нанишани.

На сето тоа, волонтерите кои се согласија да „го погледнат „Филин“ во очи“ почнаа да страдаат од халуцинации – сѐ им лебдело пред очи, а тоа чувство било проследено со главоболка и гадење. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за научна и техничка поддршка на развојните проекти Владимир Жаров.

Според производителот, на оние чие око го фатило режимот на „ламбичка“, постепено ќе им врати нормалниот вид. Притоа, „привремено ослепување“ се остварува на растојанија до два километри.

И тоа не е сѐ – оваа компанија развива цел дијапазон варијанти на „Филин“ во различни форми за други платформи - тенкови, оклопни возила, авиони и повеќе. Се разбира, во развој се и варијанти на наведениот систем со визуелно-оптички пречки и за цивилните безбедносни компании.

Прочитајте повеќе: Русија тестира оружје кое предизвикува халуцинации (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња