Скриншот.
Global Look PressТВ-каналот „Ѕвезда“ објави видеоснимка од тестирањето на уникатно руско оружје кое неутрализира нишани, далекумери, уреди за ноќно набљудување и системи за наведување на противтенковски ракети со домет од 5 км.
На бродот се вклучува нешто како исклучително моќен рефлектор од чија светлост лесно може да се ослепи. Владимир Жарков, началник на управата за научно-техничка логистика на проекти на компанијата која го произведува ова оружје, раскажа како многумина доброволци посведочиле дека пред очите им се појавува дамка која има ефект сличен на халуцинација.
„Сите почувствуваа вртоглавица, мачнина и губење на ориентацијата во простор“, додаде тој.
Покрај сето тоа, сепак нема фатални последици по видот, нешто по што рускиот изум се разликува од странските пандани.
На почетокот на февруари јавноста дозна дека Воената морнарица на Русија веќе добива станици за визуелно-оптички пречки 5П-42 „Филин“. Овие системи се поставени на фрегатите „Адмирал Горшков“ и „Адмирал Касатонов“. На вториот брод во тек е фабричко тестирање на системот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче