Постариот консултант на Кинеската асоцијација за контрола на вооружувањето Сју Гуанју смета дека Кина може да купи од Русија неколку Су-57, зашто од нив можат да имаат корист кинеските конструктори.
Главниот конструктор на проектантскиот институт SAC (Shenyang Aircraft Corporation) Ванг Јунг Ѓинг изјави дека е мала веројатноста за примена на ловецот Су-57 зашто Кина има свои ловци од петтата генерација Ј-20. Експертот исто така ги истакна тешкотиите поврзани со интеграцијата на рускиот авион со кинеските системи.
Во март беше соопштено дека речиси е подготвена целата документација за верзијата на рускиот ловец од петтата генерација Су-57Э наменет за извоз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче