Поддршка на традиционалниот сојузник: Руската војска пристигна во Венецуела

Бог-рата
Руската армија ќе му помогне на својот традиционален сојузник во Јужна Америка да ја задржи современата борбена техника во функционална состојба. Овие работи главно ќе се сведуваат на одржување, ремонт и модернизација на сложените борбени системи од руско производство.

Москва му помага на Каракас да ја одржува борбената готовност на воената техника што Русија неодамна ѝ ја испорача на Венецуела. Ова за интернет-порталот „Интерфакс“ го изјави Виктор Кладов, директор за меѓународна воен соработка во рамките на руската државна корпорација „Ростех“, пренесува порталот „Бог-рата“. 

„Оваа држава се наоѓа во многу сложена ситуација. Во овој момент, од голема важност е да се одржи високото ниво на исправност на современата борбена техника од руско потекло, која претходно беше набавена од нас. Тоа подразбира активности за нејзино одржување, ремонт и модернизација. Ние веќе ги изведуваме овие работи и тоа е нешто што е сосем нормално“, рече Кладов кој во моментов е во Малезија, каде што се одржува големиот саем на оружје и воена опрема „Лима-2019“.

„Венецуела долга низа години е наш традиционален партнер и ние и понатаму продолжуваме со нашата соработка. Јас разбирам дека Венецуела се минува низ многу тешка социоекономска и финансиска криза. Поради оваа причина, во овој момент е тешко да се зборува за некои нови големи набавки“, рече високиот претставник на компанијата „Ростех“.

Венецуела е еден од најголемите корисници на руско оружје и воена техника во латиноамериканскиот регион. Русија ѝ обезбеди на оваа земја кредит за набавка на модерна воена техника. Според собраните податоци, вкупниот износ на купопродажните договори со оваа земја достигна цифра од 11 милијарди американски долари.

Во овој крупен пакет набавка за својата војска се наоѓаат ракетни ПВО-системи со среден дострел Бук-М2, како и ПВО/ПРО ракетни системи со голем дострел „Антеј-2500“ кои ги произведува АД „Концерн ВКО „Алмаз-Антеј“. Во Венецуела се испорачани околу 100 илјади автоматски пушки „Калашников“ во новата модификација АК-103. Каракас набави и нови повеќенаменски авиони-ловци Су-30MK2, ударни хеликоптери Ми-35 М, модернизирана верзија на тенкот Т-72, ​​БМП-3 и БТР-80.

Руската војска слета во Венецуела

Минатата недела во оваа земја слетаа два авиона со група од 99 руски војници. Според информациите кои се појавија во медиумите, оваа група лично ја предводеше началникот на Главниот штаб на Копнената војска на РФ, генерал-полковник Василиј Тонкошкуров.

Специјалистите од Русија се наоѓаат во Венецуела во согласност со билатералниот договор за воено-техничка соработка, соопшти во вторникот руското Министерство за надворешни работи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња