Што сака Венецуела да купи од Русија?

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Постојат големи шанси Каракас да купи од Москва нова партија воени авиони од марката Сухој. Ова го соопшти министерот за одбрана на Венецуела Кармен Мелендес.

Деновиве стана познато дека Венецуела ја разгледува можноста за купување нова партија истребувачи Сухој. На своето гостување на телевизијата Веневизион, министерот за одбрана Кармен Мелендес не ја исклучи можноста за купување нова авијатичка техника, без притоа да каже за кој тип авиони станува збор. Според мислењето на раководителот на информациската служба на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Алиев, можно е да станува збор за купување на дополнителни Су-30МК2В. Венецуела веќе поседува две ескадрили (24) авиони од овој тип, а ова не е многу за една ваква „екстравагантна“ земја, изјави експертот за Руска реч на македонски. 

Су-35С и F-22: борба на интелекти
Веќе сега врз основа на Су-35С е реализирана речиси цела идеологија на ловци од петтата генерација. Ова на Русија ѝ дава можност пред другите да започне со создавање на шестата генерација борбени авиони.

Информации за намерата да се купи некој авион за зголемување на борбената готовност на венецуелските воени сили се појавуваат постојано. Неколку години се разгледуваше можноста за купување на дваесет и четири Су-30, но зделката не беше остварена. Во 2012 година венецуелските власти објавија дека имаат намера од Русија да го купат најновиот истребувач од генерацијата 4++ Су-35, но сепак не е познато дали во моментов се водат преговори помеѓу двете страни за негово купување. 

Меѓу другото во локалниот печат се појави информација за тоа дека Венецуела исто така ја разгледува можноста за францускиот Rafale што го произведува компанијата Dassault. Според податоците од анонимен извор, владата планира да купи 24 вакви авиони. 

МиГ-31 – чекор пред времето
Воздушните граници на Русија ги чува исклучителен авион кој е во состојба да пресретне секаква цел: од крстосувачки ракети до сателитот, и тоа и дење и ноќе, во сите временски услови и со која било брзина.

„Сметам дека е мала веројатноста да се купи Rafale“, смета Алиев. „Овој скап авион од европско производство никако не може да се унифицира со постоечките истребувачи од руско производство, а освен тоа, речиси гарантирано ќе ја направи Венецуела зависна од политичката волја на доставувачот, и ако ова може да не се однесува на самиот авион и на резервните делови за него, тогаш сигурно ќе се однесува на вооружувањето и на системите за управување“. 

Во моментов постои ембарго, кое се однесува на оние земји кои користат при производството вооружување од американската технологија и додатни делови. Пред неколку години тоа негативно се одрази на воено-техничката соработка со Венецуела и со Бразил, со што дојде до прекинување на договорените доставки на бразилските авиони „Супер Тукано„ за венецуелските воздушно-воени сили. 

Тоа значи дека скептички треба да се гледа на перспективите за какви и да се крупни набавки на вооружување од страна на Венецуела, изјави експертот. „Економската и внатрешната политичка ситуација на претседателот Николас Мадуро е таква што тој не би требало да мисли на увоз на скапа воена техника. Набавката на истребувачи може да ја чини земјата околу милијарда долари, кои Венецуела едноставно ги нема.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња