„Два стратешки ракетоносци Ту-160, еден тежок воено-транспортен авион Ан-124 и долголиниски млазњак Ил-62 го завршија летот до меѓународниот аеродром Мајкетија во Боливарската Република Венецуела“, се наведува во соопштението што го доби RT.
Како што се прецизира, летот на овие воздухоплови се одвивал во воздушниот простор над водите на Атлантскиот океан, Баренцовото, Норвешкото и Карипското море.
Во текот на летот, кој е изведен согласно меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, пилотите совладале преку десет илјади километри.
Кон крајот на ноември беше објавено дека два стратешки ракетоносци Ту-160 го извршиле планираниот лет над неутралните води на акваторијата на Баренцовото и Норвешкото море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче