Погледнете како се тестира прецизноста на новата автоматска пушка АК-203 (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Автоматската пушка „Калашников“ АК-203 огледно е тестирана во фабричко стрелиште. Информативната служба на концернот „Калашников“ ги забележа резултатите од тестирањето на видеоснимка.

„На автоматските пушки „Калашников“ претходно им се  беше замерувано што на нив тешко се монтираат современи нишански системи и што нема доволна прецизност, поточно што прави преширока група погодоци при дејство со единечна стрелба. Поради тоа е одлучено да се тестира параметарот на прецизноста на стрелбата, како и стабилноста на монтираната оптика на Ак-203“, изјави техничкиот консултант на претпријатието Владимир Онокој.

Според условите за тестирање, беше отворан оган од лежечка положба на дистанца од 100 метри. Во секоја мета се истрелани по пет куршуми.

Треба да се истакне дека моделот АК-203 е препознатлив по прилагодливиот кундак, пластичниот телескопски нишан, ергономичниот ракофат и регулаторот на стрелба, како и по тоа што има неколку „Пикатини“ шини за монтирање додатна тактичка опрема.

Една шина е на капакот на сандакот и сега не се симнува, туку се крева нагоре и нанапред со помош на шарките. Благодарение на тоа при расклопувањето на оружјето не се ремети подесувањето на нишанот, што е успешно демонстрирано на пробното гаѓање.

Прочитајте повеќе: Експерти од САД ги оценија перспективите на новата автоматска пушка АК-203