АК-203
Интернет-портал „Бог-рата“Американскиот магазин „Национален Интерес“ (National Interest) даде оцена на новата руска автоматска пушка „Калашников“ АК-203. Оваа пушка ќе се произведува во Индија, во фабричките капацитети кои неодамна беа отворени во таа држава. Експертите на магазинот сметаат дека „смртоносниот“ АК-203 има предност во однос на домашната автоматска пушка INSAS.
Како што се наведува во текстот, руската автоматска пушка ќе го надминува според неколку параметри индискиот пандан: кај АК-203 не постои можност за застој поради висока температура, таа има помала тежина и должина, како и далеку подобро решена ергономија на оружјето. На пушката се наоѓаат и Пикатини шина, за закачување различни типови на нишани и останати тактички додатоци, што ја прави АК-203 универзално оружје, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Американскиот магазин наведува дека производството на автоматската пушка АК-203 во Индија ќе ѝ обезбеди на Русија сигурна работа во децениите што доаѓаат.
Автоматските пушки од „серијата 200“ првпат годинава им беа претставени на странските купувачи. Индија е најголемиот руски партнер од сферата на воено-техничката соработка. Секоја година Индија од Русија набавува оружје во вредност од неколку милијарди американски долари. Повеќе од 70 отсто од вооружувањето и воената техника кои се наоѓаат во индиската армија е од руско или советско потекло.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче