„Во морска акваторија, која е заситена со средства за извидување на потенцијалниот непријател, се изведува подводна етапа на испитувања на погонскиот блок на беспилотното пловно средство „Посејдон““, истакнува новинската агенција ТАСС, пренесува „Взгљад“.
Според изворот кој доаѓа од воено-индустрискиот комплекс, реакторот е поставен во дејствувачкиот корпус на подводниот апарат. Досегашните тестови се изведуваат во рамките на опитно-конструкторската етапа на проектот и не влегоа во својата завршна фаза кога во целина се проверува оружјето.
Тој напомна дека беспилотните подводни пловила „Посејдон“ ќе бидат во вооружувањето на една од атомските подморници која се наоѓа во состав на руската Воена морнарица. Комплетниот проект за развој на ова стратешко оружје со неверојатна сила се наоѓа во рамките на државната програма за развој на вооружувањето за наредната деценија, поточно 2018-2027.
Целиот проект треба да биде завршен најдоцна до 2027 година, кога ова средство би требало да се најде во оперативното вооружување на руската армија.
Во јули Министерството за одбрана на РФ првпат даде официјален податок за системот на подводно вооружување „Посејдон“ чија главна предност се состои во тоа што тој е апсолутно незапирлив за сите постојни средства на условниот непријател. Поточно, во моментов не постои оружје кое може да го уништи „Посејдон“.
За „Посејдон“ првпат се слушна на 1 март 2018 година, кога во својот историски говор претседателот на Русија Владимир Путин објави дека Русија работи на подводно оружје кое ќе го движи нуклеарен реактор. Потоа со гласање на рускиот народ овој беспилотен подводен апарат го доби и своето име.
Се претпоставува дека овој подводен дрон ќе може на големи растојанија да достави термонуклеарна боева глава со сила од два мегатона. Неговата главна цел ќе бидат воено-поморските бази на условниот непријател. Во медиумите се шпекулира дека благодарени на димензиите и својата носивост „Посејдон“ ќе биде во состојба да понесе биев блок со сила која според својата разорна моќ ќе биде поголем од „Цар-бомбата“ која генерираше експлозија еквивалентна на 58,6 мегатони ТНТ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче