Си-Ен-Би-Си: Русите подготвија контингент од 20 хиперсонични ракети „Кинжал“ за завршната тест-фаза

Слободан Ѓукиќ
Според американските разузнавачи, постои оправдан страв дека Русите овие ракети, од кои нема одбрана, веќе од наредната година би ги вовеле во оперативно вооружување.

Околу 20 хиперсонични руски ракети, од кои САД во овој момент не можат да се одбранат, неодамна се префрлени на еден од воените полигони во Русија, соопштуваат американските медиуми, конкретно ТВ-каналот Си-Ен-Би-Си кој се повикува на неименувани извори, пренесува рускиот интернет-портал Интерфакс.ру.

 „Тоа укажува дека тие (се мисли на Русија, заб. на прев.) имаат амбиција за понатамошно развивање на хиперсоничното оружје, конкретно ракетите „Кинжал“. Тие веќе утврдија дека ракетата има одлична основа за понатамошен развој кој ќе вклучува фино нагодување на проектилот преку голем број тестирања“, изјави анонимен соговорник на овој канал, кој е запознаен со најновите извештаи на американските разузнавачки органи.

Американските извори наведуваат дека хиперсоничната ракета од класата „воздух-земја“ која го носи називот „Кинжал“ била тестирана во Русија најмалку три пати. Последните практични тестирања на ракетата се изведени во јули минатата година, при што ракетата успешно ја погодила целта на растојание од околу 800 км.

Меѓутоа, според изворите кои американскиот ТВ-канал Си-Ен-Би-Си ги одбил од други извори, кои се исто така поврзани со специјалниот разузнавачки апарат, Русите досега ја тестирале оваа ракета 12 пати. Основна платформа за нејзиното лансирање била специјална верзија на ловецот-пресретнувач на МиГ-31К која е наменета за употреба на ракетата „Кинжал“. Покрај овој авион, руските конструктори интензивно работат и на интеграција на оваа ракета со стратешките бомбардери.

Американските разузнавачки елементи сметаат дека Москва до крајот на 2020 година ќе ги направи овие ракети целосно оперативни.

Прочитајте повеќе: Авионот без кој не би постоел „Кинжал“: Супербрзата авиоплатформа МиГ-31К

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња