Ловци-пресретнувачи МиГ-31К вооружени со хиперсонични ракети "Кинжал".
Слободан ЃукиќВоздухопловната хиперсонична ракета „Кинжал“ најверојатно ќе влезе во оперативното вооружување на руската армија веќе од 2020 година. Во тек се нејзини интензивни тестирања, пренесува американската Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на информации собрани врз основа на извештаите на тајните служби.
Според изворите на ТВ-каналот Си-Ен-Би-Си, перспективните ракети од класата „воздух-земја/воздух-вода“ „Кинжал“ досега имале вкупно 12 експериментални тестирања, а руските конструктори во последно време ја фокусирале својата работа на интеграција на овие ракети на суперсоничните бомбардери со голем долет Ту-22М3. Покрај овој авион, „Кинжал“ ќе може да носи и специјално модернизираната верзија на ловецот-пресретнувач МиГ-31К.
Си-Ен-Би-Си соопштува дека Русите во близок временски период испитале три ракети „Кинжал“, од што последната активност е забележана овој месец, кога ракета успеала да погоди цел на далечина од 800 км.
Претходно овој медиум објави дека хиперсоничниот систем „Авангард“ исто така ќе биде оперативен до 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче