1. Руско воено воздухопловство
Се разбира, овој ловец, развиен специјално за воздушна борба со други ловци, го користи руското воено воздухопловство. Се проценува дека Русија располага со најмалку 145 авиони Су-27 во различни верзии.
2. Национални воздухопловни сили на Ангола
Бившата португалска колонија кон крајот на 2018 година имаше на располагање шест авиони Су-27 и Су-27УБ.
3. Белоруски воздухопловни сили
Сојузничката на Русија по распадот на СССР доби 23 летала Су-27, а кон крајот на 2018 имаше 21 Су-27 во полна борбена готовност.
4. Кинеско воено воздухопловство
Пред да го купи патентот за производство на своја верзија на Су-27 (Ј-11), Кина од Русија набави 76 примероци од овој авиони. Кон крајот на 2018 година Кина располагаше со 20 авиони Су-27СК, 32 авиони Су-27УБК, 95 свои ловци Ј-11 и 110 ловци Ј-11Б/БС.
5. Воено воздухопловство на Еритреја
Младaта африканска држава Еритреја во 2004 година набави 8 авиони Су-27. Во 2018 година имаше на располагање еден Су-27 и еден Су-27УБК.
6. Воздухопловни сили на Етиопија
Соседите на Еритреја исто така користат руски ловци. Етиопија купи единаесет Су-27СК, три Су-27П и четири Су-27УБ. Интересно е што при крајот на 20 век овие авиони се користеа во борба против еритрејски ловци МиГ-29. Воздухопловните сили на Етиопија денес поседуваат осум Су-27 и три Су-27УБ.
7. Воено воздухопловство на Индонезија
Небото на Индонезија го чуваат два Су-27СК и три Су-27СКМ.
8. Казахстански сили за воздушна одбрана
Оваа голема држава располага со 20 ловци Су-27 и четири Су-27УБ.
9. Украински воздушни сили
По распадот на СССР Украина наследи 40 ловци Су-27, а кон крајот на 2018 имаше 34 вакви авиони во различни верзии.
10. Воздухопловни сили на Узбекистан
Узбекистанската армија е една од најголемите во Средна Азија. Воздухопловните сили се вооружени со 13 ловци Су-27 и Су-27УБ, а во резерва имаат уште 11 ловци.
11. Виетнамски народни воздухопловни сили
„Азискиот тигар“ поседува шест ловци Су-27СК и пет Су-27УБК.