Развојот на авионот Јак-141 во СССР почна уште во седумдесеттите години, првиот лет беше изведен 1987 година, меѓутоа руска воена авијација никогаш го нема користено.
Ken Videan (GFDL 1.2)
СССР намераваше да ги надмине дизајнот, капацитетот, брзината и перформансите на летањето на британскиот борбен авион „Хариер“ кој учествуваше во Фокландската војна 1982 година. Советскиот Сојуз немаше големи носачи на авиони и тежнееше да развие млазен авион кој може полетува од кратки писти како хелиодромите или платформите на противподморничките крстосувачи од проектот 1123 како „Москва“, „Ленинград“ и „Киев“.
Јак-141 според карактеристиките ги надмина своите претходници (Јак-36 и Јак-38), но и странските авиони („Си Хариер“, Dassault Mirage IIIV) и најверојатно беше на пат да стане најдобриот морнарички авион.
Виталиј В. Кузмин
Меѓутоа, судбината не му беше наклонета. Бројните инциденти при полетувањето, распадот на СССР и подоцнежните финансиски проблеми направија да прекине развојот на овој авион. Беа направени четири прототипи, но до сериско производство никогаш не дојде.
Lockheed Martin и конструкторскот биро „Јаковлев“ потпишаа 1991 година договор за соработка, така што американската компанија на тој начин дојде до важни податоци за авионот Јак-141 за кој беа потребни години и години работа и ги применија во развојот на својот модел F-35B.