Нуклеарната подморница „Александар Невски“ од проектот „Бореј“.
Иљдус ГиљазудиновНа снимката се гледа како екипажот се подготвува да исплови, а потоа е прикажано движење на подморницата со полна брзина на површината.
Коментирајќи го тестирањето, командантот на руската Воена морнарица, адмирал Владимир Корољов, истакна дека подводните сили се во активна фаза на развој и обрна внимание на важната улога на проектите „Бореј“ и „Јасен“.
„Тие подморници се основата на подводните сили и одговараат на најмодерните барања во поглед на квалитетот, поврзани со незабележливоста, маневарските можности и арсеналот“, ги цитира зборовите на адмиралот телевизијата „Ѕвезда“.
На 19 март во Русија се празнува Денот на подморничарот.
Серијата атомски крстосувачки подморници од четвртата генерација на проектите „Бореј“ и „Бореј-А“ треба да стане основата на поморските стратешки нуклеарни сили во наредните неколку децении. Планирано е до 2020 година да се воведат во експлоатација уште осум подморници од овој проекта.
Подморницата е долга 170 м, широка 13,5 м, а подводниот депласман е 24000 тони. Овие нуклеарни подморници можат да носат 16 интерконтинентални балистички ракети со поморско базирање Р-30 „Булава-30“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче