Шведскиот аналитичар смета дека руските развојни проекти се неспособни „да одат во чекор со достигнувањата на високата воена технологија на Западот“, како и дека главно се засноваат на евтини и достапни решенија кои се актуелни уште од времето на Студената војна, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Според Кјелен, од 2008-2018 година во Русија е направен неверојатно голем број системи за противелектронска борба. Меѓутоа, шведскиот експерт смета дека сите овие проекти се настанати уште за време на СССР, при што нивниот финален развој е реализиран во 90-тите години од минатиот век.
„Извесно е дека Русија ќе продолжи да оди по истиот пат, како и со динамиката која им е својствена последниве десетина години. Нивниот развој не е само фокусиран на попречување на противничката електроника, туку и на развивање начини како неповратно да ја онеспособат. Што се однесува до Русија, противелектронската борба се нуди како заменско решение за недостатокот на модерни традиционални системи на вооружување. На тој начин, тие и понатаму се трудат да останат во категоријата суперсила, но од позиции на послаба сила“, истакнува Кјелен.
Меѓутоа, кон крајот на минатата година од НАТО призна дека нивната инфраструктура за тактичка врска може да биде мошне загрозена поради појавата на новите руски системи за противелектронска борба, како и дека во близок временски период (што поскоро) мораат да се развија адекватни системи за заштита.
Кон крајот на минатата година стана извесно дека Русите, врз основа на проучувањето на најновото наведувано ракетно вооружување од западно потекло, развиваат нов противелектронски систем кој особено ќе биде наменет за борба против крстосувачки ракети. Исто така, тука се наоѓаат и специјалните противелектронски системи за попречување на сателитската навигација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче