Американски генерал: Во Сирија сме соочени со најагресивен облик на противелектронска борба

Слободан Ѓукиќ
Највисокопоставените американски офицери во Сирија се соочуваат со „пренапрегнато електронско вооружување“ коего блокира функционирањето на нивните потчинети борбени единици. За континуираната опструкција, пред сè на технички најквалитетните електронски борбени компоненти во системот за врска и глобално позиционирање, американските офицери ги обвинуваат Русите и нивните системи ПеБ „Леер-3“, „Красуха“ и „Москва-2“.

Полковникот на американската армија Брајан Саливен изјави дека неговата војска се соочила со „преоптоварено електронско оптоварување“ за време на операцијата на североистокот од Сирија која беше изведена во периодот есен 2017 – пролет 2018 година, истакнува американскиот порал „Форин полиси“. Според него, тој и неговата единица не минале низ нешто вакво за сета своја кариера.

Според воените специјалисти, воениот конфликт во Сирија ѝ дал на руската војска идеална можност да дознае како американските софистицирани системи кои се засновуваат на електроника реагираат на масовна примена на руските противелектронски борбени средства. Притоа, началникот на командата за специјални операции на восјката на САД генерал Рајмонд Ромас истакна дека во Сирија е применет „најагресивен облил на противелектронска борба на планетата“ и се пожали на проблемите кои се појавиле во единиците за врски за време на управувањето со авијацијата, пренесува рускиот Интернет-портал „РГ“.

Експертите забележуваат дека средствата за противелектронска борба особено се опасни кога станува збор за авијацијата. Тие можат да ги отежнат, па дури и во целост да ги блокираат каналите за радиокомуникација и за пренос на податоци кои се клучни за пилотите и за операторите на беспилотните летала кога треба да се изведат воздушни удари по копнените цели на непријателот.

„Основниот проблем со ваквиот облик на водење војна (противелектронска борба) е во тоа што тој може целосно да ја разори нашата перцепција за ситуацијата на бојното поле, што сигурно може да придонесе за ужасни грешки“, уверен е експертот за национална безбедност и воени прашања од Лексингтонскиот институт Ден Гоер.

Да потсетиме дека во Сирија се забележани најновите руски средства за противелектронски борба како што се системите „Леер-3“, „Красуха“ и „Москва-1“.

Системот за противелектронска борба „Леер-3“ е специјализиран за попречува, да дефомира и во целост да го пресече секој облик на комуникација на копнените, воздушните и поморските борбени платформи со сателити. „Красуха“, од друга страна, го анализира типот на сигналот што го емитува непријателскиот радар, и врз основа на точни параметри врши најефикасен облик на попречување кој главно е насочен кон копнените и воздушните радарски станици со голем дострел. Станицата за противелектронска борба „Москва-1“ има задача детално да го скенира воздушниот простор, да ја открие електронската активност на непријателот и добиените резултати понатаму да ги насочи кон системите за ПЕБ кои се наоѓаат во рамките на ПВО. Негов најголем адут е целосната невидливост за време на скенирањето на воздушниот простор (пасивно радарско извидување) која има толкава чувствителност да може да регистрира дури и објекти со големина на ракети или гранати.

Покрај овие три системи околу воздухопловната база „Хмејмим“ се распоредени копнени радарски системи за точна детекција на локацијата од која дејствува непријателската артилерија „Зоопарк-1“. Овој систем не е наменет за набљудување на воздушниот простор како што е тоа случај со претходните три системи, но е затоа исклучително ефикасен за време на откривањето на артилериско-ракетните позиции на непријателот по пат на комплексно пресметување на балистичките патеки на детектираните гранати и ракети. Исто така, на почетокот од пролетва во Сирија е забележана и најновата руска радарска станица „Хармонија“ која се состои од преносен тродимензионален радар кој мошне ефикасно открива цел спектар воздушни цели без оглед на нивната големина.

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња