На видеото кое е прикажано во продукција на концернот „Калашников“, гаѓани се мети на далечина од 50 и 100 метри.
Автоматската пушка АН-94 „Абакан“ не е случајно одбрана за овој тест. Благодарение на уникатната конструкција на механизмот со атипичен импулс на трзајот, таа испукува два куршума во толку тесен временски интервал што на набљудувач отстрана му изгледа како да е истрелан еден куршум. Врз основа на оваа несекојдневна техничка можност, каква што поседува автоматската пушка „Абакан“, се појавија легенди дека практично двата куршума удираат во иста точка на целта. Врз основа на овие сознанија во јавноста почнаа да кружат приказни дека се работи за незапирливо оружје кое врз основа на оваа можност може да пробие панцирни плочи со најголем степен на балистичка заштита, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Меѓутоа, на тестот оваа легенда „падна во вода“. Испитувачот на концернот „Калашников“ ја тестираше пушката на специјално стрелиште, каде беа гаѓани мети на 50 и на 100 метри. На двете мети беа регистрирани по два погодока (а не еден, како што се мислеше) и тоа на прилична оддалеченост еден од друг.
Без оглед на тоа што е побиена теоријата на „два куршума низ една дупка“, ваквиот начин на брзо испукување значително ја зголемува ефикасноста на оваа пушка, затоа што тестирањата покажаа дека двата куршума ја погодуваат метата која одговара на просечни човечки димензии. А погодокот со два куршума е далеку поефикасен отколку со еден.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче