Испитување на новата руска снајперска пушка (ВИДЕО)

Скриншот

Воениот кореспондент и водител на проектот WarGonzo Семјон Пегов направи репортажа за испитувањата на снајперската пушка „Чукавин“ (СВЧ), споредувајќи ја со модернизираната варијанта на пушката „Драгунов“.

Новинарот првпат зеде в раце СВЧ со калибар 7,62 мм и без проблем неутрализираше три мети.

Во намерата да открие колку е добра оваа пупка, Пегов истрела пет куршуми. Четири куршуми погодија колку што е најблиску еден до друг, додека петтиот дури и помина низ иста дупка. Затоа преодните параметри за прецизност – 3 см на 100 метри – се положени од страна на СВЧ.

За да ги спореди пробивните способности на новото оружје со оние кај СВД, новинарот зеде ролна минерална волна со дебелина од 50 см како мета. Пушката беше наполнета со ловечки патрони со експанзивно дејство. СВЧ без тешкотии ја издупчи ролната изолатор.

За основа на полуавтоматската пушка СВЧ е земен компактниот автомат „Драгунов“ (Малогабаритный автомат Драгунова). Тој модел помина 40 години во складиштата на музеите на оружје. Главната разлика меѓу новата пушка и СВД и АК е во тоа што ударниот елемент е на врвот, а не на дното. На челичната навлака се наоѓа нишанот, а од спротивната страна е насочувачот на затворачот. Оружјето е опремено и со згоден двостран прилагодувач на огнот.

Иако изгледот и ергономијата на оружјето се променија значително, принципот на механизам е ист како кај СВД. Тоа е она што овој снајпер го направи еден од најсигурните на светот. Масата на СВЧ изнесува 4,5 килограми, должината е 1080 мм, а должината на цевката 560 мм. Рамката има капацитет од десет куршуми.

Прочитајте повеќе: По што пушката СВЧ што ја тестираше Путин е толку посебна?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња