Снимката содржи прецизен визуелен преглед на клучните карактеристики и компоненти на новата јуришна пушка. 700 истрели во минута, рамка од 30 куршуми тешка 243 грама, можност за користење на која било рамка, како и монтажа на различни оптички инструменти, унапредена ергономија, склоплив прилагодлив кундак, четири режими на користење: закочен, полуавтоматски, во рафали по два куршума и автоматски.. се само некои од одликите на главното стрелечко оружје на руската војска.
Автоматските пушки АК-12 и АК-15 се примени во вооружувањето на руската војска по долги и опсежни тестирања на почетокот на оваа година. Тие ќе бидат составен дел од борбената опрема „Ратник“ од втора генерација. Пушките АК-12 и АК-15 прво ќе ги добијат руските воздушно-десантни сили, морнарицата и пешадијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче